Мајли Сајрус објавува нова песна. Тизерот за песната „Flowers“ веќе го објави на социјалните мрежи, а го откри и датумот кога нејзината песна официјално ќе биде објавена.
„Нова година, нова Мајли, нов сингл. Flowers, 13 јануари“, напишала Мајли.
Новата песна ќе биде објавена на роденденот на нејзиниот поранешен сопруг
Во тизерот на песната можат да се слушнат стиховите „I can love me better than you“. Многу од нејзините обожаватели заклучиле дека Мајли имала причина поради која го избрала 13 јануари за објава на нејзината нова песна. Имено, на тој датум е роден нејзиниот поранешен сопруг Лиам Хемсфорт.
Не е јасно дали Мајли тоа го направила намерно, но многумина сега ѝ честитале на одличниот тајминг за објава на песната. Социјалните мрежи се преполни со коментари, а песната сè уште не е објавена.
„Мајли му порача на светот дека може подобро да се сака себеси на роденденот на Лиам? Дефинитивно не лажела кога кажа дека е храбра“, „Тоа што Мајли објавува песна на роденденот на Лиам Хемсфорт е толку добро“, „Толку одмаздољубива. Го обожавам тоа“, биле дел од коментарите.