Мајката и сестрата на пејачката Мараја Кери, Патриша и Алисон, починаа во ист ден за време на викендот.
„Срцето ми е скршено затоа што викендов ја изгубив мајка ми. За жал, мојата сестра го загуби животот истиот ден“, изјави Кери вчера, а пренесе Би-би-си.
Кери не ја откри причината за смртта на двете жени.
Во своите мемоари од 2020 година, „Значењето на Мараја Кери“ („The Meaning of Mariah Carey“), Кери напиша дека имала комплициран однос со мајка ѝ, но постојано изјавуваше дека ѝ е благодарана што ја вклучила во музиката.
Во своите мемоари, Мараја Кери напиша и дека се дистанцирала од сестра ѝ Алисон и брат ѝ Морган, наведувајќи дека „емотивно и физички е побезбедно да нема никаков контакт со нив“.
Сестра ѝ Алисон ја тужеше по објавувањето на мемоарите, барајќи 1,2 милиони долари, велејќи дека тоа ѝ предизвикало „емоционална болка“.