Тениската ѕвезда и добитничката на Гренд Слем ќе биде дел од новата колекција на Викторија Сикрет со иницијатива да ги истакне приказните на жените од различни средини.
“Деталите од новата ВС колекција ме инспирираа да им се придружам на овие прекрасни жени”, рекла Осака.
“Кога бев мала ги посетував нивните продавнити и често се прашував зошто не изгледам како жените од насловните. Сега заедно ќе ги инспирираме следните генерации од сите страни, култури и големини. Тоа за мене е огромен чекор”.
Осака ќе им се придружи на моделте Паломи Елесер, Валентина Сампајо и Хејли Бибер, како и атлетичарките Меган Рапино, Ајлин Гу и многу други.
“Таа дише со позитивна енергија и инспирира жени ширум светот со својата храброст, одлучност и искреност. Почестени сме што Наоми ќе биде дел од тимот чија цел е поттик за позитивни промени”, рекла Шафер која е главната дизајнерка на Викторија Сикрет.