„Телетабиси“ повторно се враќаат на малите екрани

Наскоро на „Нетфликс“ треба да се прикажат нови епизоди од „Телетабиси“, а објавен е и првиот трејлер од омилената детска серија.

Тинки Винки, Дипси, Лаа-Лаа и По се вратија и скокаат околу бујните зелени ридови на нивниот дом, а се гледа познатото ведро сино небо и сонце во облик на бебе.

На социјалните мрежи веќе се пишува дека новите „Телетабиси“ многумина ќе ги врати во детството. Серијата ќе пристигне на „Нетфликс“ следниот месец.

Во новите епизоди наратор ќе биде актерот Титус Бурџис. Костимите на Телетабиси ги носеа Рејчел Бејнарт, Ребека Хајланд, Ник Чи Пинг Келингтон и Џеремаја Краге. Водителка на сегментот „Tummy Tales“ ќе биде Џулија Пуло.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e