Пејачката Теа Таировиќ доживеа големо изненадување на својот синоќешен настап, кога момче од публиката ја запроси.
Имено, Теа пред почетокот на настапот му го подари микрофонот на еден дечко од публиката, се разбира на негово инсистирање, а неговото прашање целосно ја изненади.
– Дали сакаш да се омажиш за мене – беше прашањето.
Иако делуваше малку збунето, пејачката сепак кратко одговори: „Да“.
Младиот човек очигледно бил подготвен, а на пејачката веднаш и ставил веренички прстен.
-Не прогласив за маж и жена, ако немаш девојка. Немаш девојка, дали си сигурен? Јас сум твоја сопруга – рекла пејачката и ја продолжила забавата.