Американската ријалити ѕвезда Ким Кардашијан го претстави најновиот производ од нејзиниот бренд SKIMS – танги со вештачки срамни влакна.
Имено, новиот производ, наречен The Ultimate Bush, беше лансиран денес и е достапен за 32 долари и нуди 12 различни бои на вештачки влакна, вклучувајќи виткани и прави варијанти.
Промоцијата беше придружена со кампања инспирирана од ТВ квиз-емисиите од 1970-тите, вклучувајќи видео наречено „Дали тепихот се совпаѓа со завесите?“.
Промотивната кампања го содржеше слоганот: „Со нашите смели нови долни гаќи со вештачки влакна, вашиот тепих може да биде во која било боја што ја сакате“.
За само еден час, видеото собра речиси 500 коментари на Инстаграм, од кои повеќето беа негативни.
„Се јавувам на 911“, „Тукушто го проверив датумот за да бидам сигурен дека не е 1 април“, „Дали го переме ова во машина или користиме шампон и регенератор“, „Мислев дека ова е скеч од Saturday Night Live“, беа некои од коментарите.