Тамара и Лука не се повеќе пар?

Сѐ поизвесно е дека меѓу пејачката Тамара Тодевска и нејзиниот партнер, архитектот Лука Радовиќ, е повлечена црвената линија.

Сомнежите кај јавноста започнаа уште кога следбениците забележаа дека Лука сѐ поретко се појавува во објавите на Тамара на Инстаграм. Иако таа тогаш изјави дека тој е „тука, само урочен“, се чини дека „урокот“ бил посилен отколку што се мислеше. Набргу потоа, Тамара ја започна 2026 година во соло издание.

Видеото кое го објави неодамна, во кое порача дека е „силна“ и подготвена за нови животни предизвици, многумина го протолкуваа како јасен сигнал дека врската со Лука е завршена – речиси симболично, како стих од нејзин музички хит.

За оние што подобро ја познаваат приватноста на пејачката, оваа објава беше доволна причина за поддршка, позитивни реакции и бројни коментари. Дел од фановите сметаат дека Тамара заслужува партнер кој ќе може да се носи со нејзиниот темперамент и енергија.

„Тамара, ти заслужуваш вистински маж покрај себе – некој што нема да те ограничува, туку ќе го поддржува твојот ведар дух и харизма. Те сакаме“, гласи еден од коментарите.

Што точно се случило меѓу двајцата најдобро знаат самите тие, но во јавноста веќе се шпекулира дека љубовната приказна е завршена.

Да потсетиме, минатата година во мај, Тамара и Лука одбележаа две години врска. Тие живееја заедно, а Лука беше многу близок со децата на пејачката и нејзина постојана поддршка на настапите.

Токму по повод годишнината, Тамара тогаш изјави дека Лука е нејзиниот „почеток и крај“. Сепак, овој „крај“ засега изгледа како нов почеток – можеби за некоја поинаква, нова љубовна приказна.

Потврда или демант сѐ уште нема, но во денешно време, социјалните мрежи често зборуваат погласно од зборовите. А таму, барем засега, виртуелната блискост меѓу Тамара и Лука веќе не постои.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e