Препознатлива е по убавата насмевка и позитивната енергија, тоа и помогна да направи кариера. Но во нејзиниот случај не било секогаш лесно, бидејќи често слушала коментари од луѓето кои се прашувале што е таа по професија. Дали е пејачка, актерка, водителка. Дали конечно решила со што се занимава, а таа била млада и сакала само да ги проба своите таленти и да види до каде може да стаса.
-Кога работев на „Гранд онлајн“ имавме телефонски јавувања. Гледачите како едвај да чекаа да ме слушнат за да ме навредат. Јас сметав дека сум талентирана и едноставно владеам со сцената. На публиката се давав безрезервно, но не секој од нив го чувствуваше тоа, вели денес водителката.
Манчиќ не секогаш успевала да се „одлепи“ од имиџот на кукла која само се смешка и извлекува лото топчиња.