Германска тиктокерка тврди дека Били Ајлиш ја украла песната на Оливер Драгојевиќ, а многумина се согласуваат со неа.
Хитот на Били Ајлиш веќе некое време е број 1 на Билборд листите, но многумина пронајдоа сличности со познатата песна.
Тиктокерката зборува многу возбудено и еуфорично на германски и тврди дека почетните ноти од песната „Birds of a Feather“ се исти како во хит-дуетот што ги освои хрватските музички топ листи во 1994 година „U ljubav vjere nemam“, од Џибони во дует со Оливер Драгојевиќ.
Вие што мислите?