„Слуга на народот“ – Серијата која го прослави актуелниот претседател на Украина ќе се прикажува на Канал 5, Глеј и Нетфликс

Сатиричната хумористична серија од 2015 година, „Слуга на народот“, во која глуми сегашниот украински претседател Володимир Зеленски, повторно ќе се прикажува на „Нетфликс“ , „Gley.TV и Канал 5.

„Ехо рајтс“ – мала филмска агенција со седиште во Стокхолм е преплавена со понуди за откупување телевизиска серија во којашто професор по историја станува украински претседател. Професорот го глуми Володимир Зеленски – сега вистински претседател на Украина.

Од почетокот на руската инвазија на Украина, радиодифузерите како што се британскиот Канал 4, грчкиот АНТ1 и романската ТВ ПРО, ги побараа правата за прикажување на „Слуга на народот“ – серија првпат прикажана 2015 година во Украина.

Серијата беше хит во Украина, каде што се прикажуваше три сезони. Откако Зеленски стана лице на украинскиот пркос против руската инвазија, интересот за шоуто го достигна врвот и во странство.

„Ехо рајтс“ ја дистрибуираше програмата, направена од студиото на Зеленски „Квартел 95“ од нејзиното лансирање. Управниот партнер на компанијата, Никола Содерлунд рече дека продажбата драстично се зголемила во последните неколку дена, нарекувајќи го интересот за шоуто „извонреден“.

Телевизиската комедија „Слуга на народот“ од понеделник, 21 март 2022 година, ќе се емитува на Канал 5 телевизија.

Во главната улога во серијата се појавува актуелниот шеф на украинската држава Володимир Зеленски, кој има двојна улога – професор по историја во средно училиште во своите триесетти години, кој неочекувано е избран за претседател на Украина, како резултат на неговиот револт против владината корупција во неговата земја, која била тајно снимена од еден од неговите ученици.

Огромниот успех што го постигна со оваа серија го мотивираше Зеленски да ја преименува политичката Партија на одлучувачки промени во името на хит серијата Слуга на народот, чиј кандидат беше на претседателските избори и беше избран за претседател на Украина.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e