Случајно го откри полот на бебето: Ријана ја уловија во продавница за детска облека

Работите кои ѝ се потребни за бебето ги купува во продавница со нормални цени…

Популарната пејачка, дизајнерка и бизнис жена Робин Ријана Фенти (33) наскоро ќе стане мајка, а сега дојде и времето за купување на облека за бебето.

Откако со недели ја криеше веста за бременоста, убавицата од Барбадос и нејзиното момче, познатиот рапер АСАП Роки (33), кон крајот на јануари потврдија дека ќе станат родители, а ѕвездата од тогаш постојано го покажува трудничкиот стомак.

Ријана не крие дека е возбена поради новата животна улога, а иако не го открива полот на бебе, медиумите тврдат дека е јасно дека таа очекува – девојче!

Имено, американските папараци пред неколку дена ја забележаа Ријана за време на шопингот во една продавница за детска облека. Иако таа од неодамна е милијардерка, Ријана одлучи работите за бебето да ги купи во една продавница со нормални цени, која е лоцирана во Лос Анџелес. Судејќи по фотографиите, Ријана била особено заинтересирана за боди со здолниште во портокалова боја, поради што се шпекулира дека АСАП Роки и таа ќе добијат ќерка.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e