Нашиот познат музичар Марко Маринковиќ, попознат како Слаткар откри дека осум пати пеел во дискотеката „Пулс“ која на 16-ти март годинава ја зави Македонија во црно.
Тој си ја отвори душата во емисијата „Животна приказна“ која се емитува на МТВ со водителката Здравкица Милиќ.
Јасно е дека трагедијата во Кочани донесе нова колективна траума за македонското општество, но Слаткар како човек којшто и сам е дел од шоу бизнисот и кој загуби колеги и свои фанови, сега за првпат раскажа како го доживеал сето тоа.
„Јас сум пеел таму осум пати, сум пеел на истите деца таму и да мене ми беше тешко за нив, ми беше тешко за тие деца.
Не можев да спијам. Не можев да спијам повеќе од еден час, час и половина, и тоа траеше со месеци“ – рече Слаткар, а пренесе „Стандард“.