Откако веќе некое време се шпекулираше дека Скарлет Јохансон е бремена, нејзиниот сопруг Колин Џост за магазинот Пипл откри дека актерката се породила. Веста ја сподели и на Инстаграм.
-Ок, ок, добивме бебе. Името му е Космо. Многу го сакаме, напиша и замоли за приватност.
За Колин ова е прво дете, а Скарлет веќе има седумгодишна ќерка Роус Дороти со новинарот Роман Дауриач
Гласините за нејзината бременост се појавија откако некои забележаа дека таа ретко се појавуваше на промоциските настани за „Black Widow“.