Страшно е кога немаш лекови, за некои основни работи
Водителката Сузана Манчиќ од минатата година и официјално е во пензија, а сега откри колкави се нејзините месечни примања.
Препознатливото ТВ лице годинава слави 50 години од кариерата и признава дека не и било секогаш лесно, но дека и покрај малата пензија е задоволна од она што моментално го има.
Понекогаш имаш пари за да можеш да си дозволиш нешто што сакаш, но немањето не е страшно. Страшно е кога немаш лекови, за некои основни работи, но фала богу, пензијата доаѓа. Некому му открив колку ми е пензијата, па порталите се запалија како „скандалозно колку е пензијата на Сузана Манчиќ, 53.000“ – рече Сузана и додаде дека парите што ги заработувала секогаш ги трошела рационално.
Водителката откри и како го замислува крајот на својата долга кариера.
Да имам толку долга кариера, а воопшто недефинирана, е нешто на што се гордеам. Почнав со музика, потоа со телевизија, па се случи Лото. Па, имаше пауза неколку години. Но, би сакалa да ја завршам кариерата со убава песна. Дома имам добар текстописец, а тоа е ќерка ми Теодора која ми вели дека морам емотивно да бидам вклученa. Сега го чекаме, работиме на тоа“ – призна Сузана.