„Систина“ со објава по смртта на Панчо: Нема зборови што можат да ги запрат солзите на нашите доктори, сестри, болничари…

Аџибадем Сиситина, болниците во која 7 месеци се лекуваше популарниот македонски музичар Владимир Блажев Панчо, кој почина вчера по долга борба со повредите од пожарот во кочанската дискотека „Пулс“, се огласи со трогателна објава на социјалните мрежи.

„Почивај во мир, драг наш Панчо. Се боревме заедно 213 денови и денес ни одлета… Нема зборови за утеха за твоите два ангела Марјан и Андреја и за твојата Маја… Нема зборови што можат да ги запрат солзите на нашите доктори, сестри, болничари кои беа 24 часа со тебе … Целата болница, заедно со тебе и твоето семејство се боревме и верувавме“, напишаа од болницата.

На болницата и се заблагодари и неговата сопруга, Маја Блажева.

„Вие бевте тие кои ми дадовте седум месеци можност да се гушкам и зборам сѐ што не си кажавме цел живот. Ви благодарам за секоја секунда посветена од сите вас како болница која ми станавте и втор дом изминатиов период. Нема зборови и нема утеха, а знам дека сте и вие скршени од болка“, напиша Маја Блажева на социјалната мрежа Фејсбук.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e