19 годишниот син на Мајкл Џексон, Принц, по повод 58-от роденден на кралот на попот, на Твитер и Инстаграм сподели песна која ја посвети на починатиот татко.
Објавата е со наслов: “Среќен роденден на човекот кој беше повеќе од легенда. Те сакам!”
Второ највозрасно дете на Џексон е ќерката Парис која исто така ја сподели објавата од Принц и напиша: “Ми се допаѓа ова…горда сум на тебе голем брату. Среќен роденден на човекот кој ни значи највеќе на светот!”
На честитките се придружи и внукот на Мајкл, Тај.