За повеќето од нас, гледањето филмови е начин на бегство од реалноста, изгубени во фантазирањето, каде приказните секогаш имаат среќен крај.
Но, дали некогаш сте размислувале за актерите со помош на кои ја заборавате реалноста? Кој ги теши нив кога патат?
Силвестер Сталоне по загубата на најстариот син Сејџ, паднал во тишина.
Сејџ e првото дете на Силвестер и сопругата Саша Чак кој почина на 36-годишна возраст, на 13-ти јули 2012 година во својот стан во Лос Анџелес. Причината за смртта била срцев удар предизвикан од атеросклероза.
Смртта на синот го скршила храбриот Роки кој барал самотија и приватност.
Силвестер Сталоне тогаш рекол: „Ниту една болка не е посилна од онаа кога родител ќе изгуби дете. Затоа ги замолувам луѓето да покажат почит кон сеќавањето на мојот талентиран син и да сочувствуваат со љубовта на неговата мајка Саша. Оваа болна загуба ќе остане со нас до крајот на нашите животи. Сејџ беше нашето првородено дете и центар на нашиот универзум“.
По разводот на Сталоне и Чак, дошло до тежок период помеѓу таткото и синот, но по неколку години тие ги „закопале воените секири“ и започнале дури и да снимаат филмови заедно и да даваат интервјуа.
Сталоне соработувал со Сејџ во „Роки 5“, а неговиот син планирал да се занимава со продукција. И покрај здравствените проблеми, никој не ни можел да замисли дека ќе му се случи нешто такво на ова младо момче.
На доделувањето на Златните глобуси во 2016 година, новинарите го прашале Сталоне како загубата на синот влијаела на неговата работа, а актерот одговорил:
„Ми се чини дека во таквите ситуации многу помага ако правите нешто. Во случајот на мојот син, сакав да му оддадам почит и ми се чини дека го направив тоа“.