Шварценегер понижил колешка за време на снимање

Британско-австралиската актерка Миријам Марголис тврди дека никогаш нема да го заборави срамот што ѝ го приредил Арнолд Шварценегер во 1990-тите.

Имено, актерката, која е најпозната по улогата на професорката Помона Спроут во филмовите за Хари Потер, неодамна гостуваше во подкастот „I’ve Got News For You“, каде раскажа една анегдота од снимањето.

„Шварценегер е многу самобендисан. Тој всушност беше прилично груб. Ми прдна в лице. И јас прдам, секако дека прдам, но не им прдам на луѓето во лице. Тоа го направи намерно, директно во моето лице“, рекла таа.

Водителот прашал како се случил инцидентот, а Марголис објаснила:

„Неговиот лик ме убиваше, па ме држеше во позиција од која не можев да избегам, лежејќи на подот. И додека бевме во таа позиција, тој прдна“, објаснила таа.

„Тоа не беше ни во филмот, беше на една од паузите, но тоа не му го простив“, додала актерката.

Марголис глумеше заедно со Шварценегер во хорор филмот „End of Days“ од 1999 година, во кој детектив од Њујорк (Шварценегер) мора да заштити млада жена.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e