Британската манекенка и актерка Кара Делевињ на впечатлив начин го отвори овогодинешниот месец на гордоста, појавувајќи се на „WeHo Pride Parade“ во Западен Холивуд, Калифорнија.
Таа на Инстаграм сподели фотографии и видеа од овој настан, а најголемо внимание привлече фотографијата на која се бакнува со својата девојка Минке, која е музичар.
Делевињ возеше во црвен кабриолет, позирајќи со џиновски жолт меч во рака и правејќи знак за мир. Таа беше прогласена и за почесна личност на овогодинешниот Прајд.
Кара и нејзината девојка наскоро ќе ја прослават третата годишнина од нивната врска, а гласините за нивната врска започнаа во јуни 2022 година кога беа снимени во Портофино. Тие ја потврдија својата врска во 2023 година и беа снимени како се бакнуваат на Вимблдон.
Делевињ е отворена за својата сексуалност со години, а во неодамнешното интервју за People, таа зборуваше за кампањата на Келвин Клајн „This Is Love“ и важноста на модата како личен израз.
“Мојот стил е – не ми е гајле, но всушност се грижам и се зависи од денот. Љубовта за мене опфаќа сè, доброто, лошото, грдото, убавото, славното. Тоа е подеми и падови, љубовта ве учи кои сте”, вели таа.
Таа се осврна и на разликата меѓу генерациите: “Денес младите се повеќе и повеќе тоа што се. Тие не се менуваат заради другите. Кога бев помлада се плашев да бидам тоа што сум. Има повеќе слобода, но сепак има борби, и затоа квир заедницата постојано ме инспирира”.