Шакира со песна потврди за разделбата со Пике, порача „добра глума“

Пејачката Шакира и фудбалерот Жерар Пике вчера потврдија дека се разделуваат по 12 години врска.

Жал ни е што потврдуваме дека се разделуваме. За доброто на нашите деца, кои се наш најголем приоритет, ве молиме почитувајте ја нивната приватност. Ви благодариме на разбирањето – изјавила пејачката.

Според пишувањата на медиумите, причината за разделбата е неговото неверство, а многумина сега зборовите на нејзината најнова песна ги поврзаа со љубовниот крах и веруваат дека имале проблеми во врската и пред неговото неверство, со оглед на тоа што песната е објавена порано. Врската меѓу Пике и Шакира наводно долго време била „затегната“, а родителите на соучениците на нивните синови тврдат дека извесно време ги немаат видено Пике и Шакира заедно.

„За да те дополнам, се уништив себеси. Бев предупредена, но не обрнував внимание. Сфатив дека сè што е твое е лажно, тоа беше капка која ја прели чашата. Немој да ми кажуваш дека ти е жал иако изгледаш искрен. Те познавам добро и знам дека лажеш. Секоја чест за добрата глума во која ме убеди. Среќно со понатамошните улоги, добро изгледаш во таа претстава”, се зборовите на песната „Te Felicito”, (Ти честитам).

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e