Северина и Игор Којиќ официјално го завршија бракот, пишува Вечерњи лист. Пријателскиот развод бил потпишан во судот во Загреб, само пет дена откако го поднеле барањето.
Двојката беше во брак шест години, и пред повеќе од една година се појавија гласини за распадот на нивниот брак. Сомнежите дополнително се разгореа кога неодамна престанаа да се следат еден со друг на социјалните мрежи.
Во април минатата година, Северина се врати во Загреб, а Игор остана во Белград. Оттогаш не се видени заедно во јавноста. Српските медиуми претходно пишуваа дека Северина се расправала со свекорот и свекрвата додека била во карантин во нивниот дом во Белград и дека не се во добри односи.
Северина и Игор се уште не објавиле дека се разведуваат.
Инаку, пејачката и Којиќ се венчаа на 25 септември 2015 година во Бијела, Истра во кругот на најблиските пријатели и семејство. Два месеци подоцна, следеше граѓански брак во Белград пред околу 600 гости, и тие ја крунисаа својата љубов на патување во Африка.
Двојката ја прослави петгодишнината од нивната свадба во Белград минатиот ноември, но немаше честитки на социјалните мрежи, како што објавија претходните години. Последната официјална фотографија што Северина ја објави со Игор е од 2 февруари 2020 година, кога биле во Риека за спектаклот за главниот град на културата.
Бракот со Игор Којиќ, на Северина и беше втор брак по разводот со српскиот бизнисмен Милан Поповиќ, со кого има син и со кого се уште се суди за старателство.
Деновиве Северина е на одмор во хотел во близина на Задар , од каде што објави снимка на Инстаграм.