Севе наполни концертна сала, за малку избегната страшна несреќа

На вчерашниот концерт на Северина во Белград се случил неочекуван инцидент само што пејачката излегла на сцена.

Се слушнало гласно врескање, бидејќи пукнал рефлектор, а стаклото паднало врз неколку девојки од публиката. За среќа, обезбедувањето веднаш ги тргнало девојките, а тие поминале само со ситни гребаници.

Додека да се исчисти стаклото, обезбедувањето не дозволувало никој од публиката да се доближи таму.

Ќе се испитуваат причините за проблемот. Пејачката изјавила дека ѝ е драго што бил избегнат поголем инцидент и им посакала побрзо оздравување на девојките.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e