Една од најпопуларните хумористични ситком серии, The Big Bang Theory, доживеа уште едно признание и со тоа влезе право во Гинисовата книга на рекорди.
Во изданието за 2017 година, меѓу другото, ќе се најде и 11 епизода од деветтата сезона на серијата, ‘The Opening Night Excitation’, која е прв пат емитувана на 17 јануари 2015 година. Според официјалните Гинисови податоци, таа епизода привлекла најголем број гледачи во живо во историјата на телевизијата.
Се работи за епизодата во која по години и години очекување врската меѓу Ејми и Шелдон преминува во нова фаза, односно одлучуваат да го направат и последниот чекор од интимноста.
Повеќе од 24 милиони луѓе го вклучиле телевизорот таа вечер и во следните седум дена, само за да ги видат Шелдон и Ејми во акција под чаршавите.
Оваа двојка ги „мамеше“ гледачите пет години, се караа, се смируваа и градеа однос на крајно специфичен начин. Се чини дека сексот на најсрамежливата двојка беше најгледаниот секс кога било.
За поврзани вести продолжете надолу