„Се срамам да одговорам на тоа прашање“: Луна Џогани откри каква домаќинка е

Луна Џогани ужива во бракот со Марко Миљковиќ, со кој ја доби ќерката Миа. Парот најголем дел од времето го поминува со својата наследничка, а сега ќерката на Анабела и Гагија призна каква домаќинка е.

Како што вели, иако знае да готви, не ја бива во кујната.

– Се срамам да одговорам на тоа прашање. Беше слава, што знаев, направив, посна руска салата, мезе, дадов се од себе, се останато купивме. Ќе бидам искрена, не сум домаќинка, ги знам најосновните работи, имам дете, треба да знам, но да знам да готвам не. Јадеме секакви работи, купуваме достава, готвени јадења, правам супа, мораме поради Миа, нешто зготвено, но ништо не ни недостига, таа е жива и здрава – изјави Луна и додаде:

– Во бременоста секој ден доаѓав кај мајка ми и јадев, се здебелив 22 килограми, затоа Миа се роди со 4 килограми и 100 грама – искрена беше Луна во емисијата „Премиер викенд специјал“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e