Се самоуби една од најубавите српски манекенки!

Како бомба вчера одекна информацијата дека на 28-годишна возраст починала популарната српска манекенка Бојана Шарац.

Според неофицијални информации, несреќната девојка извршила самоубиство, а луѓе од нејзиното најблиско опкружување велат дека никој не претчувствувал таква трагедија.

Бојана Шарац беше манекенка, стилистка, колумнистка и актерка. Во модната индустрија беше присутна повеќе од една деценија. Работеше во Турција, Италија и Велика Британија и последниот период живееше на релација Лондон-Нови Сад.

Пошироката јавност ја забележа во спотот на Реља Поповиќ за темата „Марија“.

Бојана често ја критикуваше индустријата од која заработува дека отсекогаш поставувала превисоки и нереални стандарди за манекенките и моделите.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e