Се распаѓа музичката група Hurricane

Групата „Hurricane“, кои ја сочинуваат Ивана Николиќ, Сања Вучиќ и Ксенија Кнежевиќ наводно заедно ќе настапуваат до септември, а потоа секоја од нив ќе започне соло кариера.

Имено, откако го снимија хитот „Фаворито“ пред две години, тие три станаа омилени пејачки во регионот, а јавноста го следеше секој нивни чекор. Набрзо следеше и „Евровизија“, на која ги собраа симпатиите на цела Европа, секоја нивна наредна песна стануваше хит.

И покрај тоа што тие и денеска се многу популарни, неодамна почнаа шпекулации дека девојките не можат веќе да работаат заедно, односно дека сакаат да продолжат со соло-кариери.

Ксенија, Ивана и Сања се договориле да ја изработат летната сезона, па потоа да се одвојат. Тоа значи дека уште во септември секоја од нив ќе тргне по соло патиштата – пишува српски Курир.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e