Турската актерка Бергузар Корел и сопругот Халит Ергенч, најпознати по улогите на Шехерезада и Онур во серијата „1001 ноќ“, го добија своето трето дете, јавуваат турските медиуми.
Бергузар утрово родила девојче, а тамошните медиуми пишуваат дека ја нарекла Лејла. Актерската двојка се уште не се огласила на социјалните мрежи за приновата во семејството. Бергузар и Халит се во брак од 2009 година, а покрај Лејла ги имаат и синовите Али и Хан. За третата бременост Бергузар дознала на снимањето на серијата „Кнали Јаји“.