Се породи Хејли Бибер – бебто доби уникатно име!

Во домот на Хејли и Џастин Бибер пристигна принова! Пејачот ја сподели радосната вест на својот Инстаграм објавувајќи фотографија од мало стапало.

„Добредојде дома“, напишал тој во објавата во која открива дека добил син – Џек Блуз Бибер.

Како што знаеме, Џастин Бибер и Хејли ја објавија веста за бременоста во јавноста во мај кога споделија фотографии од обновувањето на заветите на Хаваи.

Ниту Џастин ниту Хејли не го открија полот на детето, но фановите подоцна претпоставуваа, како што пренесе „Page Six“, дека тоа ќе биде девојче. Минатата година во мај, манекенката изјави дека се „плаши“ да има дете како славна личност, но дека сака да стане мајка.

На последната објава, фановите го опсипуваат парот со честитки и убави зборови, а во коментари се јавија и некои големи ѕвезди како пејачката Кети Пери, актерите Крис Прат и Кевин Харт, риалити ѕвездите Кајли Џенер и Клои Кардашијан, како и многу други.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e