Се омажи една од најубавите жени во светот – додаде уште едно презиме на нејзиното

Бразилската манекенка Адријана Лима официјално стапи во брак со нејзиниот повеќегодишен партнер Андре Лемерс.

Таа ја сподели среќната вест на социјалните мрежи, каде објави фотографија на која ја држи раката на нејзиниот сакан и на која двајцата ги носат венчалните прстени.

„Јас сум официјално г-ѓа Лима Лемерс“, напиша таа кратко на фотографијата, додавајќи емотикони кои симболизираат прстен и невеста.

lima-264x480-1
Да потсетиме, Лима и Лемерс ја започнаа врската на почетокот од 2021 година, а своето прво појавување како пар го имаа на Венецијанскиот филмски фестивал. Тие станаа родители на синот Сијен во август 2022 година.

Лима претходно беше во брак со српскиот кошаркар Марко Јариќ и со него ги има двете ќерки – 14-годишната Валентина и 11-годишната Сиена.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e