Пејачката и харфистка Сара Мејс и водителот и маркетинг менаџер, Димитар Атанасовски, 2022-ра година ја започнуваат со одлични вести.
Сара Мејс вчеравечер објави дека повторно е бремена и по вторпат ќе станат родители со нејзиниот сопруг Димитар, споделувајќи фотографија од ултразвук од бебето.
„Бебе број 2“, (Ако ги броиме и Атос и Бела со Димитар, а треба, е тогаш број 4 е“, напиша Сара покрај објавата од ултразвукот.
Веста ја сподели и Димитар, кој на својот Инстаграм профил шеговито напиша: „Бебе биди добро, бар еден нормален у фамилија да имаме“.