Актерката Сандра Булок откри дека планира да направи пауза од актерството и кариерата и дека нема да снима ништо во следниот период, бидејќи сака да се фокусира на семејниот живот.
Имено, актерката изјавила дека сака повеќе време да поминува дома, а поради деловни обврски немала време за своите деца.
Инаку, Сандра Булок има две деца – синот Луис и ќерката Лајла. Луиза беше посвоена во 2010 година, а Лајла во 2015 година.
Холивудската актерка е позната по улогите во филмовите како „Свршувачка“, „Гравитација“, „Мис таен агент“, „Додека спиеше“ …