Сандра Булок открила дека постои улога од која се срами

Актерката Сандра Булок открила дека жали што некогаш го снимила филмот „Speed 2“.

„Постои еден филм за кој сè уште ми е непријатно што глумев во него. Тоа е „Speed 2“…“, рекла Булок во интервју за „TooFab“.

„Гласно го критикував тој филм. Нема смисла. Тоа е бавен брод кој бавно се движи кон остров“, додала актерката.

Во истото интервју со неа учествувал и нејзиниот колега, Даниел Редклиф, со кој глуми во новиот филм „The Lost City“, а водителот на интервјуто открил дека е фан на филмот од кој Сандра денес се срами.

„Тој и уште пет 12-годишници гледале бавен брод како бавно се движи кон мал остров“, се пошегувала Булок.

„Speed 2“ е филм од 1997 година, продолжение на култниот оригинал „Speed“. Филмот е во режија на Холанѓанецот Јан де Бонт, а главните улоги покрај Сандра ги толкуваат Џејсон Патрик и Вилем Дефо.

„Speed 2“ помина многу лошо и кај критичарите и кај публиката и беше номиниран за 8 „Златни малини“, а доби награда за најлошо продолжение на некој филм.

Кијану Ривс, кој глумеше во оригиналниот филм, одбил да се појави во продолжението бидејќи проценил дека нема потенцијал за понатамошен развој на приказната.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e