Пресудата стигна, а социјалните мрежи се преполни со реакции од ѕвездите за конечниот крај на шестнеделното судење на Џони Деп и Амбер Херд, пишува Сикс.
Откако поротата ја прогласи Амбер Херд за виновна за клевета на Џони Деп во средата по 13 часот, Шерон Озборн, поранешна менаџерка и сопруга на пејачот Ози Озборн, беше меѓу првите што зборуваше.
„Не го очекував ова! Мислам, сакав да победи Џони, но не очекував ваков исход“, вели Шерон.
Ешли Бенсон ја прославила пресудата објавувајќи фотографија од Џони Деп, со опис полн со емоџија.
Џони Деп по судењето им се обрати на фановите и рече дека поротата ‘му го вратила животот’ и дека ‘вистината никогаш не исчезнува’.
Во меѓувреме, 36-годишната Херд преку својата застапничка рекла дека срцето ѝ е скршено поради пресудата и дека пресудата ја отфрла идејата дека насилството врз жените треба да се сфати сериозно.
Ејми Шумер очигледно алудираше дека е на страната на Амбер Херд, откако на Инстаграм објави силен цитат од Глорија Стајнем.
„Секоја жена што ќе реши да се однесува како вистинско човечко суштество, треба да се предупреди дека армијата „статус кво“ ќе ја третира како валкана шега. Ќе ѝ треба сестринство“, истакна комичарката.