Фудбалерот Кристијано Роналдо купи мега вила во регионот Каскаис, на триесетина километри од Лисабон, поточно во областа Квинта Марина: комплекс со поглед на Атлантикот, кој се простира на 2.720 м2 на три нивоа, со 544 м2 надворешен простор.
Мегавилта располага со се – од базен до тениско игралиште, од теретана до огромна гаража во која ќе биде сместена неговата колекција на автомобили, вклучувајќи го и најновиот Ролс Ројс што го доби на подарок од неговата партнерка Георгина Родригез. Токму со неа и петте деца Роналдо ќе се пресели во новата куќа, за која тој веќе бара персонал: поточно, четворица вработени, меѓу кои и готвач и батлер.
Веста ја објави Кореио да Манха, кој ја анализира понудата, но и објавувајќи бројки: новите вработени ќе земаат плата од 6 илјади евра месечно. Сепак, сигурно е и дека секој што ќе влезе во резиденцијата на Роналдо за да работи – како што се случува со речиси сите ВИП-личности – ќе мора да потпише конкретни клаузули.
Доверливост и дискреција пред се.