Роберт Патинсон за улогата на Бетмен две седмици јадел само компири

Роберт Патинсон проговорил за строгиот режим на исхрана и вежбање до кои морал да се придржува за да ја има потребната форма за улогата на Брус Вејн во филмот „Бетмен“ од 2022 година.

Не сака да вежба

Имено, актерот морал да добие многу мускулна маса и тежина, а таа идеја лично не му се допаѓала. Патинсон во интервју за магазинот „Evening Standard“ признал дека не вежбал редовно, па проговорил за притисоците поврзани со изгледот со кој се соочувал.

„Дури и само доколку внимавате на внесувањето калории, тоа создава неверојатна зависност и не сфаќате колку е тоа не е добро додека не биде предоцна“, изјавил актерот додавајќи дека не се грижел премногу за сопствениот изглед. Но, исто така признал и дека пробал многу трендови и режими на исхрана, вклучувајќи и посебно бизарна и нездрава исхрана.

Само компири

„Еднаш, две седмици јадев само компири, како вид на детоксикација. Само варени компири и хималајска, розова сол. Наводно тоа е чистење – дефинитивно губиш и на тежината“, открил актерот.

Актерот исто така во интервју за „GQ“ објаснил дека не претерувал со вежбање за улогата на Бетмен што подоцна довело до непријатни ситуации.

„Доколку вежбате постојано, вие сте дел од проблемот. Никој тоа не го правел во 70-тите. Ниту Џејмс Дин немал премногу мускули. Одвај да правам нешто“, признал актерот, а подоцна изјавил дека само се шегувал.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e