Ријана и уште четири жени се најдобро стилизирани во 2021 според „Вог“

„Вог“ секоја година објавува листа на најдобро стилизирани дами во годината која останува зад нас, а оваа година токму овие пет жени заслужија да ја понесат ласкавата титула.

Модното списание „Вог“ ги избра овие пет дами, а која според вас го заслужува првото место?

Кејт Мос
Британскиот супермодел со години е верна на својот стил, а уредниците на „Вог“ велат дека тој е без маана.

Лејди Гага
Благодарение на филмот „Куќата на Гучи“, Лејди Гага привлече огромно внимание. На црвениот тепих пејчката и актерка блескаше секогаш кога ќе се појавеше и токму затоа и се наоѓа на оваа листа.

Зендаја
Откако се појави на сцената, младата ѕвезда не престанува да воодушевува со своите стајлинзи. „Зендаја сега е жена“, изјавија стилистите за „Вог“ за полнолетството на ѕвездата во 2021 година, за која велат дека е вистинска модна икона.

Дуа Липа
Оваа година пејачката за првпат се најде на оваа листа благодарение на впечатливите комбинации.

Ријана
Веќе навикнавме на тоа Ријана да е избор на „Вог“ од година во година. Пејачката е без дилема жена која одлично се разбира во мода.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e