Ријана се враќа на музичката сцена – пејачката наскоро ќе објави две песни, пренесува „Hits Daily Double“.
Песните се снимени за филмот „Black Panther: Wakanda Forever“ на режисерот Рајан Куглер, кој следниот месец ќе започне да се прикажува во кината ширум САД.
Компаниите „Marvel“ и „Disney“ и издавачките куќи „Def Jam“ и „Westbury Road“ чиј сопственик е Ријана, ќе објават албум кој ќе ги содржи песните од споменатиот филм.
Пејачката го објави својот последен албум „Anti“ во 2016 година, по што одлучи да направи пауза од снимање песни и се посвети на работата на колекцијата шминки и долна облека.
Кон крајот на минатиот месец, „NFL“ најави дека Ријана ќе настапи на полувремето на Супербоул 2023 година.
За потсетување, раперот АСАП Роки и Ријана во мај станаа родители на момче чие име сè уште не ѝ го откриваат на јавноста.