Пејачот Лиам Пејн во моментот кога трагично почина, бил под дејство на силни халуциногени дроги кои предизвикуваат психотични напади и халуцинации, пренесува „Page Six“
Полицајците од Буенос Аирес пријавиле дека пејачот конзумирал „Кристал“, или метамфетамин, опасна супстанца што го прави корисникот агресивен.
Агресивното однесување можеби било предизвикано од дрогата и тој халуцинирал, поради што Лиам Пејн скокнал од балконот на третиот кат во неговата хотелска соба во Буенос Аирес.
„Лиам се бореше со зависноста од дрога и неговиот третман, како што ќе потврдат оние кои го познаваа, не беше успешен“, изјави извор претходно за Page Six. Непосредно пред трагичниот настан, неколку лица го виделе младиот пејач и подоцна ги пријавиле своите наводни набљудувања.
Менаџерот на хотелот Естебан повикал полиција во средата вечерта, пред Лиам да почине поради неговото недолично однесување и страв дека може да се повреди себеси и луѓето во хотелот. На крајот, Пејн бил „избркан“ од „Palacio Duhau – Park Hyatt“ и резервирал престој во хотелот „CasaSur Palermo“. Кога тие сфатиле дека гостинот е под дејство на дрога, и му дале соба со тераса, веднаш повикале помош, но за жал, тука пејачот починал.