Поминаа 25 години од премиерата на „Титаник“, а луѓето и денес се прашуваат дали главниот лик Џек (Леонардо ди Каприо) морал да почине или постоела шанса да преживее.
На оваа тема биле водени бројни расправи. Едни тврдат дека немало шанси, други дека Џек требало да се качи на вратата на која пловела Роуз (Кејт Винслет).
За еднаш засекогаш да се реши дилемата, режисерот на филмот Џејмс Камерон организирам група научници која имала задача да спроведе детална студија и презентација на заклучокот.
„Направивме форензичка анализа во која учествуваше експерт за хипотермија (пад на телесната температура под нормалната). Тој направи сплав, ја оживеа сцената од филмот и подготви нешто посебно“, открил Камерон.
Американскиот режисер моментално го промовира продолжението на „Аватар“ во Канада, но не можел да го избегне прашањето за „Титаник“ и таа чудесна сцена.
„Ангажиравме двајца каскадери, со иста телесна маса како што беа Лео и Кејт. Ги опремивме со сензори и ги потопивме во ледена вода. Ги тестиравме можностите за преживување со помош на различни методи. Заклучокот е дека Џек не можел да преживее“, вели Камерон.