Раперот Стефан Ѓуриќ Раста, кој беше уапсен во саботата доцна навечер пред настапот закажан во Охрид, Македонија поради наводно поседување дрога, го напушти притворот. Раста ја напуштил полициската станица под полициска придружба и бил однесен во Основниот суд, каде треба да даде исказ.
Потоа судијата ќе донесе конечна одлука дали ќе биде ослободен или ќе му биде продолжен притворот.
За потсетување, српскиот рапер Стефан Ѓуриќ Раста беше на 2 август, во Македонија.
Вечерта, службеници за спроведување на законот му ставиле лисици на раперот пред хотел во Охрид, пред очите на минувачите.
Раста се упатил кон стадионот каде што требал да настапи пред Македонска публика, а потоа бил уапсен.