Раста осуден на една година

Српскиот рапер Стефан Ѓуриќ Раста е осуден на 12 месеци домашен притвор, врз основа на договор за признавање на вина, јавуваат локалните медиуми.

Денеска се одржало рочиште пред Првиот основен суд во Белград, на кое јавноста била исклучена, а судијата им изрекол казни на Ѓуриќ и Лука Б., откако тие се согласиле со обвинителот.

Според договорот што го склучил со Вишото јавно обвинителство во Белград, Раста признал нелегално поседување на повеќе од половина килограм сканк за лична употреба за една година домашен притвор, а Лука Б. за нелегално поседување 90 грама кокаин за личен употреба за една година казна во затвор.

Потсетуваме, Ѓуриќ помина скоро четири месеци во Окружниот затвор во Белград, откако бил уапсен во октомври минатата година.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e