Како што дознава српски „Блиц“, на Стефан Џуриќ – Раста денеска околу 10 часот во придружба на судските органи му била симната ногавицата. На раперот таа му беше ставена во септември минатата година.
Да потсетиме. Раста признал дека дрогата која во 2019 година беше пронајдена кај него ја чувал за лична употреба и прифатил споразум за признавање на одговорноста и да биде казент со година дена домашен притвор.
„Раста спогодбата ја склучил со Високото обвинителство во Белград, кое водеше истрага против него и Лука Б. Поради трговија со дрога. Меѓутоа, бидејќи немало доволно докази дека дрогата ја чувал за продажба, а тој признал дека ја користел за сопствени потреби“.