Креаторот на Фенти и светската пејачка ѕвезда Ријана наводно го оставила таткото на своето неродено дете Асап Роки, откако го фатила во измама со Амина Муади, која е дизајнерка на чевли на Фенти и поранешна девојка на Роки.
Новинар од Париз тврди дека бремената Ријана го напуштила Асап Роки поради измама.
Новинарот без двоумење ги објави своите тврдења на Твитер и напиша:
– Ријана и Асап Роки раскинаа. Ријана му раскина откако го фати како изневерува со дизајнерката на чевли Амина Муади. – пишува во твитот.
Следеа бројни твитови на шокирани и разочарани обожаватели, но повеќето истакнаа дека не им веруваат на тврдењата дека Роки ја изневерил Ријана, како и дека е невозможно тоа да и го направи.