Рада Манојловиќ и нејзиното момче Харис Берковиќ се подготвуваат за свадба. Пејачката веќе ја одбрала и својата венчаница за својот посебен ден, а нивните планови ги открил извор близок на парот.
“Рада ќе биде како принцеза. Дизајнираше венчаница, горе ќе биде тесен, а долниот дел ќе се шири со патенти.
Сепак, ќе има и тесен фустан, бидејќи е убава и најмногу и стојат тесни фустани, откри изворот за Скандал.
“Харис избра и елегантен костум. И двајцата сакаат се да биде на ниво. Избираат и голема сала за церемонијата, сакаат да дојде половина од естрадата и сите да пеат. Поентата е да се направи голема веселба и да се свири и пее од почеток до крај. Тоа го финансираат сите заедно, бидејќи и двајцата заработуваат и немаат проблем со парите, а избраа и бенд, нема да ги ангажираат момците со кои работат затоа што се меѓу гостите, и сигурно ќе побараат некој од нивните колеги да им пеат, објаснува изворот.