По шест години, врската помеѓу Рада Манојловиќ и Харис Берковиќ заврши. Според „Скандал“, пејачката одлучила да стави крај на се’, а причината сепак не е прељуба.
Имено, Рада одлучила да преземе нешто во врска со нивната врска, едноставно, ѝ било преку глава од се’ и сфатила дека ѝ е потребно дистанцирање и самотија.
Последниве неколку месеци врската не им беше стабилна, не беше врската на која е навикната, па донесе одлука малку да се оддалечи и добро да размисли за се’. Станува збор за разделба на извесно време, по што ќе се сретнат и ќе одлучат што понатаму. Немаше тешки зборови, се одлучија смирено и со цивилизиран разговор како возрасни луѓе, кои се ценат и почитуваат“, пренесува извор близок на фолк-пејачката.