Пејачот сподели емотивни снимки од својот брат Драган Лазиќ и порака која ги трогна следбениците.
Пејачот Дарко Лазиќ првпат се огласи на социјалните мрежи по погребот на својот брат Драган, кој трагично загина во сообраќајна несреќа во средата, на 11 март. Драган вчера беше погребан на локалните гробишта во Брестач, каде што семејството, пријателите и бројни познати личности му оддадоа последна почит.
По тешкиот ден, Дарко на својот Инстаграм профил сподели емотивно видео на кое се гледа како неговиот брат пее. Во описот напиша кратка, но многу болна порака:
Мили мој“, додавајќи и емотикон со скршено срце.
Пејачот објави и уште едно видео, на кое се гледа како двајцата браќа заедно тренираат бокс. Со тие снимки уште еднаш ја покажа блискоста која ја имале и колку тешко ја поднесува загубата.
На погребот, скршен од болка, Дарко со солзи во очите се прости од својот брат.
Бато мој, одиш кај својот татко, среќичко моја. Тато мој, ти го носам Драган да ми го чуваш“, изговори пејачот, додека неколку стотици луѓе се собраа да го испратат Драган на неговото вечно почивалиште.
