Првиот сопруг на Бритни Спирс се обидел да и упадне на свадбата

Венчавката на Бритни Спирс со Сем Ашгари наводно била прекината во четвртокот кога се појавил нејзиниот прв сопруг Џејсон Александар, кој се обидел да упадне во настанот, пренесоа американските медиуми.

Според медиумите, Александар го споделил својот обид во живо на Инстаграм додека се приближувал до обезбедувањето, велејќи дека пејачката му се јавила.

Александар исто така рекол дека Спирс е неговата „прва и единствена сопруга“ и дека планира да упадне во нејзината венчавка. Целата работа ја пренесуваше во живо, сè додека не успеа да стигне до куќата и свадбениот шатор на Бритни. Потоа, како што пишуваат медиумите, дошло до „физичка пресметка“ и полицијата била повикана на местото на настанот.

Александар бил уапсен на лице место кога полицијата открила дека не смее да ги премине границите на неговиот округ.

Александар е пријател од детството на Бритни; тие се венчаа во 2004 година, но заедницата беше поништена 55 часа подоцна.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e