Првата девојка на Илон Маск ги продава нивните заеднички фотографии од студентските денови

Првата девојка на Илон Маск ги продава нивните фотографии од студентските денови на аукција. Џенифер Гвин се забавувала со милијардерот додека двајцата биле во раните 20-ти и додека студирале на Универзитетот Пен.

Парот бил заедно една година, а за тоа време таа ја запознала неговата мајка Меј, браќата и сестрите и дознала се за неговите планови за електрични автомобили.

Џенифер, која денес е во брак и живее во Јужна Каролина, решила да ги уновчи спомените со надеж дека ќе собере пари за школарина за посинокот со кој го дели животот, пишува „Daily Mail“ кој ексклузивно ги прикажува фотографиите од младиот Маск.

48-годишната Гвин изјавила за британскиот медиум дека нивната романса била „слатка, но дека недостасувало блискост и јавно разменување нежност“ бидејќи Илон се спротивставувал на тоа.

Раскинале во 1995 година, кога неговата врска со првата сопруга достигнала сериозно ниво. Џенифер истакнала дека Маск се гледал со Џастин додека се уште траела нивната романса.

Парот се запознал есента 1994 година.

„Неговата срамежлива природа ме привлече на почетокот… беше мој тип“, изјавила Гвин која знаела дека Маск ќе успее во животот.

„Беше многу фокусиран на своите студии. Постојано зборуваше за електрични автомобили, а факултетот го гледаше како отскочна штица“, додала таа.

Маск ја освоил Џенифер со кинеска храна од локалниот ресторан надвор од кампусот.

„Кога ви се додворува, знаете дека е заинтересиран, но не беше исклучително љубезен. Бевме интимни кога требаше… но немаше држење за раце или нешто слично. Сакаше да биде со мене. Едноставно сакаше да има некој покрај себе, некој кој ќе го поддржи“, открила таа.

Гвин напоменала дека мајката на милијардерот е прекрасна жена која во една прилика ги одвела на претстава на Бродвеј. Таткото на Маск не го запознала, а тој ѝ напоменал дека двајцата не се во добри односи (тоа во меѓувреме се променило).

Џенифер сфатила дека Илон бара совршена жена и сметала дека Џастин е идеална за него, иако подоцна парот се разведе.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e