Престанав да пушам рано – Мишел Фајфер ја откри тајната на својот младешки изглед

Легендарната актерка Мишел Фајфер (67) неодамна даде интервју за „Fox News Digital“ во врска со новата серија „The Madison“. Во таа прилика, таа зборуваше за својата актерска кариера, но и за малите тајни на нејзиниот зачудувачки младешки изглед.

Како што самата вели, одржувањето на младешкиот изглед и сјај не бара комплицирани рутини, туку едноставна дневна навика што никогаш не ја прескокнува. Покрај тоа, добрата генетика исто така игра важна улога во нејзиниот изглед.

-Имам одлична генетика. Мојата мајка, моите сестри… се грижам за себе. Се хранам многу здраво. Престанав да пушам рано. И вежбам. Вежбањето е навистина важно, и јас сум среќна – мислам дека тоа покажува… дека сум здрава, рече Мишел Фајфер.

Таа појасни дека нејзината рутина е всушност мала, но моќна навика што придонесува за нејзиниот сјај.

-Мислам дека вежбањето, искрено, е најдобро за кожата. Најдобро за мозокот, најдобро за сè. Ако можете да направите само едно нешто што ќе ве направи поубави – вежбање. Потете се… Се потам многу. Тоа е навистина добро за мозокот, рече Мишел Фајфер.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e