Познато во кој италијански град ќе се одржи Евровизија 2022

Италија претходно беше домаќин на Евровизија во 1965 година во Неапол и во 1991 година во Рим

Италијанскиот град Торино ќе биде домаќин на натпреварот за Евровизија 2022 година, објавија денеска организаторите.

Така, натпреварот се враќа во Италија по 31 година и ќе се одржи на Олимпискиот стадион во тој град.

Финалето на Евровизија е закажано за 14 мај.

Италија доби право да го организира Евросонг откако нејзиниот претставник, бендот Манескин, победи на натпреварот во Ротердам оваа година, пренесува „Ројтерс“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e